Утрински Весник
Спорт

Три титули на три различни подлоги

Три титули на три различни подлоги

Новак Ѓоковиќ, вчера, победи на турнирот во Тел Авив од серијата 250. Ова беше првиот турнир по Вимблдон на кој настапи српскиот тенисер.

dobivaj vesti na viber

Со освојувањето на трофејот во Тел Авив, Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој освоил барем еден турнир на секоја подлога оваа сезона. Тој го освои Мастерсот во Рим на земјена подлога, победи на тревата на Вимблдон, а вчера на бетон триумфираше во Тел Авив.

Ѓоковиќ од Тел Авив се упати кон Казахстан, каде ќе игра на турнирот од серија 500 во Астана.

Доколку слави и во Казахстан, ќе стане првиот тенисер во историјата кој освоил по еден турнир во сите четири категории во една сезона.

Тирнирот во Астана е многу силен оваа сезона, учесници се Карлос АЛкараз, Стефанос Циципас, Данил Медведев, Феликс Оже Алијасим, Андреј Рублев.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026