Утрински Весник
Свет

(Видео) „Господине претседателе?“ – Бајден повторно збунет, јавноста загрижена

(Видео) „Господине претседателе?“ – Бајден повторно збунет, јавноста загрижена
Dik 300x250 mk

Откако претседателот на САД на конференција за глад пред сите ја побара Џеки Валорски, конгресменката од Индијана – која загина во сообраќајна несреќа во август, Џо Бајден повторно изгледаше збунето и изгубено.

dobivaj vesti na viber

Имено, како што изгледа на видеото кое кружи на социјалните мрежи, Бајден бил во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) каде зборувал за ураганот кој ечеше низ Флорида и продолжи кон копното, но беше јасно дека нешто не е во ред.

Откако претседателот го заврши својот говор, тој нагло се сврте кон десно и тргна кон толпата, целосно несвесен за повикот на функционерот на ФЕМА „Господине претседателе?!“

Ова не е првпат Бајден (79) да се однесува вака, како што забележаа корисниците на Твитер.

„Ова е трагично. Можеме да зборуваме за политика и дали тој е способен за функцијата, но кога гледаме видеа од вакви сцени, ни ги крши срцата. Јас сум конзервативец, но овие сцени ме растажуваат. Се молам за него“, гласи еден од коментарите.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина