Утрински Весник
Македонија

Автомобил и мопед се судрија доцна синоќа во Скопје

Автомобил и мопед се судрија доцна синоќа во Скопје

Синоќа околу 1 часот по полноќ на крстосница од булеварот ВМРО и булеварот Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(21) од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.(48) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

По несреќата Е.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт