Џанлуиџи Буфон, еден од најдобрите голмани на сите времиња, ги избра петте голмани за кои верува дека, во моментов, се над конкуренцијата.
Во изјава за „Газета дело Спорт“, италијанската легенда да ги именува петте најдобри голмани на денешницата.
На првото место го стави голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, а зад него се Џиџи Донарума, Мануел Нојер, Јан Облак и голманот на Милан, Мајк Мањан.
Одлуката Куртоа да се стави на врвот на листата на Буфон не е толку изненадувачка. Белгиецот минатата сезона го собори рекордот по број на одбрани во Лигата на шампионите и во самото финале на ова натпреварување.
Буфон, кој има 44 години, се уште е активен, тој го брани голот на Парма.