Утрински Весник
Економија

СДСМ: Ново покачување на пензиите од 6,8 отсто за сите 330.000 пензионери

СДСМ: Ново покачување на пензиите од 6,8 отсто за сите 330.000 пензионери

Грижата за граѓаните и политиките на Владата предводена од СДСМ доведоа до рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери добија септемвриска пензија поголема за 6,8 отсто. Во апсолутни бројки, просечната пензија е зголемена за 1.074 денари и денес таа изнесува 17.422 денари или близу 300 евра, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека ваквото рекордно зголемување на пензиите се должи на новата методологија што Владата ја договори заедно со здруженијата на пезнионерите во март оваа година.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани,се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Бакарот поскапува, Бугарија профитира – Македонија сè уште чека на Иловица

Охрид домаќин на регионална конференција за еврозоната и Западен Балкан

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП