Утрински Весник
Свет

Црна Гора прогласи шест руски дипломати за персона нон грата

Црна Гора прогласи шест руски дипломати за персона нон грата

Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи шест дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора за персона нон грата, соопшти владата.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, ваквата одлука е донесена поради активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на заемно почитување и почитување меѓу двете држави, пренесува РТЦГ.

Неколку лица се уапсени во денешната акција на Агенцијата за национална безбедност, изјави претходно премиерот Дритан Абазовиќ.

Тој изјави дека акцијата е од меѓународен карактер и дека само црногорското Специјално државно обвинителство може да ги соопшти имињата, пренесе „Блиц.рс“.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“