Утрински Весник
Магазин

Ар Кели е веќе зад решетки, ќе мора да им плати оштета на жртвите

Ар Кели е веќе зад решетки, ќе мора да им плати оштета на жртвите
300x250 (7)

Американскиот аренби пејач, текстописец и продуцент Ар Кели (Роберт Силвестер Кели) осуден двапати оваа година за сексуални злосторства, ќе треба да плати најмалку 300.000 долари оштета на некои од неговите жртви, соопшти федерален судија во средата.

dobivaj vesti na viber

„Со овие пари две жени, Џејн и Стефани, ќе ги покријат трошоците за терапија и третман на херпес“, изјави окружната судијка Ен Донели на сослушувањето во Бруклин.

Img 5587

Таа сума веројатно ќе се зголеми откако обвинителите повторно ќе ги пресметаат трошоците за лековите за Стефани.

Донели ги отфрли барањата на обвинителите да ѝ надомести на Џејн за изгубениот приход и да обезбеди каква било компензација на третата жртва позната како Соња.

Кели, кој моментално е во федералниот затвор во Чикаго, виртуелно присуствуваше на сослушувањето преку апликацијата „Зум“.

Во јуни Кели беше осуден на 30 години затвор, откако поротата го прогласи за виновен за рекетирање и принудување жени и деца на проституција во раните 90-ти години. Поротата утврди дека пејачот и продуцент ја користел својата медиумска популарност и слава да изложува млади и малолетни женски фанови на систематска сексуална злоупотреба.

Судијката Донели го осуди обвинетиот откако ги слушна сведочењата на неколку преживеани жени кои сведочеа дека злоупотребата на Кели оставила длабоки траги во нивниот живот.

Обвинителите тврдеа дека 55-годишниот Кели ја користел својата слава и богатство во текот на повеќе од две децении за да намами жени и малолетни девојки во својата орбита поради секс.

Кели исто така беше осуден минатиот месец во Чикаго под одделни обвиненија за детска порнографија и намамување малолетни девојчиња за секс.

Ss1

Можете да прочитате

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон

Холивудската двојка ја прослави 36-годишнината од бракот: „Најдоброто допрва доаѓа“

Што може да предизвика утринска главоболка?