Утрински Весник
Македонија

Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага

Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага

Обвинителството од Битола поведе истражна потстапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот на осомничениот 26-годишник на улицата Ванче Јаневски во Битола биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама хероин, како и 2,14 грама мешавина од кофеин и „парацетамол“, која се користи на илегалниот пазар како додаток за зголемување на масата на наркотичните дроги. Исто така, биле откриени и предмети со траги од хероин – дигитална вага и ножици, кои биле употребувани за мерење и препакување на дрогата, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз постапката. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

Тошковски: Го враќаме редот и довербата во МВР – криминалците нема да имаат мир

Тошковски: Се постапува по случаи со дивоградби – резултатите ќе бидат видливи наскоро

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш