Утрински Весник
Спорт

Ришарлисон по гаѓањето со банана: Расизам секој ден и насекаде

Ришарлисон по гаѓањето со банана: Расизам секој ден и насекаде

Ѕвездата на Тотенхем, Ришарлисон, вели дека расизмот ќе продолжи секој ден и на насекаде доколку властите не преземат нешто откако беше гаѓан со банана по прославата за гол при 5:1 победата над Тунис на „Паркот на принцовите“ во Париз вчера.

dobivaj vesti na viber

„Додека има само бла, бла, бла и не казнуваат, ќе продолжи вака. Расизмот се случува секој ден и насекаде. Нема време, брату“, напиша Ришарлисон на „Твитер“.

ФИФА потврдија дека го истражуват инцидентот и го осудија однесувањето на дел од публиката во Париз. Иронично, бразилските фудбалери пред почетокот на мечот застанаа со банер со антирасистичка порака: „Без нашите црни фудбалери, немаше да имаме ѕвезди на нашите дресови“. Инцидентот го осудија и од Тотенхем и од Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ).

Можете да прочитате

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Стојановски успешно опериран – 24info.mk