Утрински Весник
Македонија

Објавени имињата на новите директори на јавните претпријатија во Скопје

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Назначени новите в.д директори на Јавните претпријатија во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков, соопшти Град Скопје.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

„Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства“, соопштија од прес-службата на градот.

Голем дел од јавните претпријатија во Град Скопје останаа без директори, откако директорите кои беа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги напуштија своите функции.

Можете да прочитате

СДСМ: Дефокус – старата политика од кујните на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени