Утрински Весник
Македонија

(Интервју) Дејвид Гир: Дали сте подготвени утре да се приклучите кон ЕУ – очигледно не

(Интервју) Дејвид Гир: Дали сте подготвени утре да се приклучите кон ЕУ – очигледно не
Ss2

За пристапување во ЕУ потребни се институции кои се професионални и се базираат на заслуги а не на партиски интереси, вели во интервју за „Макфакс“ евроамбасадорот Дејвид Гир. Потенцирајќи дека целиот процес за членство во ЕУ е полн со предизвици, Гир порача дека преговорите одат рака под рака со реформите кои се неопходни за земјата.

dobivaj vesti na viber

„Важно е да има закони и спроведување на законите бидејќи тие се бескорисни ако не се спроведуваат. За таа цел треба да имате и соодветни институции кои што се професионални и се базираат на заслуги а не на партиски интереси“, порачува евроамбасадорот.

Ss1

Она што е потребно, додава Гир, е цврста решеност на Владата да продолжи со реформите, но исто така потребна е и соработка со сите политички чинители-меѓу власта и опозицијата.

„Дискусиите кои ги слушавме во јуни и јули беа екстремно болни, луѓето беа фрустрирани и разочарани. Секако дека имаше и некои кои го искористија ова прашање за сопствени политички цели но без сомнение има и такви кои се навистина загрижени. Патот до ЕУ не подразбира губење на идентитетот. Сметам дека оваа земја треба да е уверена дека нејзиниот јазик и идентитет ќе бидат дел од процесот и ќе бидат заштитени. А што се однесува до реформите со нив ја правите земјата посилна и постабилна, просперитетна и подемократска. Сите овие елементи ќе ја направат земјата посилна“, уверува Гир.

Дали ЕУ бега од натпреварот меѓу Русија и Кина околу Западниот Балкан, за неговиот став околу најавите на опозицијата за референдум и предвремени избори, за предизвиците и спасот од енергетската криза, во интервју за „Макфакс“, со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Ss1

Можете да прочитате

Во 15 часот и 5 минути во Кумровец одекнаа сирените во чест на Тито

Митрески: Гласот за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Доверливиот избирачки материјал од битолската печатница почна да се дистрибуира до Општинските изборни комисии