Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег се облекува подобро од Бонд

Даниел Крег се облекува подобро од Бонд
Img 5587

Според модните критичари, Даниел Крег е еден од ретките мажи кои секогаш изгледаат беспрекорно и магнетки привлечно во смокинг.

dobivaj vesti na viber

Тој има одредена пракса глумејќи го Џејмс Бонд речиси две децении. Но, и покрај тоа што минатата година за последен пат ја искористи својата пропусница на МИ6, 54-годишниот актер ја задржа вештината да го подигне смокингот неколку степени над прозаичното.

300x250 (7)

Американски шоу-биз медиуи го коментираат стилот на Крег, кој присуствуваше на гала вечер во Лос Анџелес во прекрасна креација на Том Форд.

Крег ја разбира моќта на совршено вклопување. Пример за ова е неговото присуство на вечерен настан со црни вратоврски во Беверли Хилс минатата недела, каде се појави во бел смокинг со потпис на неговиот омилен дизајнер Том Форд, а кој додаде широчина на неговата импозантна рамка.

Од лакирани црни нитни на кошулата, совршено рачно врзана машна-пеперутка, вешто набрано марамче во горниот џеб, златен часовник „Омега семестер аква тера“… Крег е вистинска слика на модерна машка смиреност и елеганција.

Ss1

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци внимаваат само на сопствената корист, не се грижат за другите

Најдобри градови за пешаци – 24info.mk

Совет на психолозите: Ако сакате да бидете посреќни наутро, практикувајте ги овие три навики навечер