Утрински Весник
Македонија

Поради градежни зафати времено затворен за сообраќај патот од Ново Лагово до Боротино

Поради градежни зафати времено затворен за сообраќај патот од Ново Лагово до Боротино

Од денеска започнуваат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино така што сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 09ч. до 16.00ч секој ден освен недела, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.

Во однос на објектот ,,Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градскo” од АМСМ известуваат дека поради градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од денеска во наредните 9 месеци, согласно одобрениот Времен режим на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег” во реформите за забрзана ЕУ интеграција

Tешко повредена тинејџерка, падна во отвор за лифт во зграда во изградба

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација