Новата ѕвезда на Барселона, Рафиња постигна два гола и имаше една асистенција за да ги предводи Бразил до 5:1 победа над Тунис во пријателски меч на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Рафиња го отвори резултатот во 11. минута по асистенција на Касемиро, но Тунижаните бргу израмнија преку Монтасар Талби веќе во 18. минута. Но, немаше запирање на „Селесао“ – Рафиња му асистираше на Ришарлисон за враќање на водството веќе во следната минута, за во 29. минута, Нејмар да зголеми на 3:1 со гол од пенал.
Шоуто го комплетираше Рафиња во 40. минута со својот втор гол, за работите за Бразил станаа полесни откако Дилан Брон доби црвен картон по еден груб старт. Напаѓачот на Фламенго, Педро во 74. минута стави точка на натпреварот.