Утрински Весник
Македонија

СДСМ се оградува од објавата за приемот на војници преку штаб во Арачиново

СДСМ се оградува од објавата за приемот на војници преку штаб во Арачиново

СДСМ се оградува од објавата на Фејсбук страницата на СДСМ-Арачиново преку којашто беа повикани оние кои се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армиајта да отидат во партиското седиште.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека станува збор за злоупотреба на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност.

„Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија.

По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за што сите ние сме особено горди.

Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Ниеден од 13те полицајци обвинети за ,,Пулс” не призна вина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пример за корумпиран политичар

Муцунски: Обновата на Украина не значи само реконструкција на инфраструктурата, туку и обновување на животите, довербата и надежта