Утрински Весник
Спорт

Лук Шо: Не постои покритикуван фудбалер од Хери Мегваер

Лук Шо: Не постои покритикуван фудбалер од Хери Мегваер
Img 5587

Лук Шо, по неговата добра партија за Англија на драматичното 3:3 реми со Германија, застана во одбрана на својот соиграч од репрезентацијата, Хери Мегваер, и од Манчестер јунајтед велејќи дека не видел некој фудбалер да е повеќе критикуван од капитенот на „ѓаволите“.

dobivaj vesti na viber

Шо го постигна првиот гол за Англија и покажа дека е подготвен да се бори со Тајрел Маласија за стартното место на „Олд Трафорд“, но Мегваер не беше толку импресивен – тој беше виновен за пеналот по несмасниот фаул над Џамал Мусијала за првиот гол на Германците, а потоа неколкупати клучно ја губеше топката на својата половина. Шо признава дека Мегваер поминува низ тежок период.

Ss1

„Ќе бидам искрен, во моментот се работи за тежок момент. Секако, Хери е фантастичен фудбалер со огромен карактер. Издржа многу критики, најмногу што сум видел во фудбалот, но никогаш не се крие, секогаш е тука. Тој е доволно храбар да излезе на теренот и да ги покаже силата и карактерот бидејќи сите што го познаваат знаат каков фудбалер е. Во моментот целиот свет е против него, но сите го поддржуваме. Луѓето треба да сфатат каква улога има во англиската репрезентација“, вели Шо.

Ss1

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот