Утрински Весник
Свет

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна
Ss2

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека жетвата на жито во Русија ќе достигне рекордно ниво и оцени дека санкциите за извоз на руско жито и ѓубрива може да доведат до глобална прехранбена криза, за што, како што вели, виновен е колективниот Запад.

dobivaj vesti na viber

„Продолжуваме да се соочуваме со тешкотии во извозот на житарки и ѓубрива, што е за жалење и за нас и за глобалниот пазар на храна“, рече Путин, пренесува Тас.

Img 5587

Според него, „санкциите против Русија се закануваат дополнително да ја влошат ситуацијата, што ќе доведе до глобална прехранбена криза кон која светот се движи веќе неколку години“.

„Тоа нема никаква врска со руската специјална воена операција во Донбас. Тоа е резултат на финансиската и прехранбената политика усвоена од некои водечки земји. Таканаречениот колективен Запад секако е целосно виновен за тоа“, додаде Путин.

Рускиот претседател изјави и дека жетвата на жито во земјата оваа година би можела да достигне рекордни 150 милиони тони, вклучувајќи 100 милиони тони пченица.

„Според експертите, жетвата на жито би можела да изнесува 150 милиони тони. Рековме прво 140 милиони тони, подоцна 145, па 147, а сега прелиминарната проценка е 150 милиони тони и околу 100 милиони тони пченица, што ќе биде рекорден резултат“, нагласи Путин.

Ss1

Можете да прочитате

Кремљ: Неосновани се обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“

Демонстрантите го блокираа автопатот во Тел Авив: Бараат од Нетанјаху итен договор за ослободување на заложниците од Газа