Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?

(Видео) Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?
Img 5587

Сведоци сме на молк од МОН за потрошените половина милион евра за печатените привремени учебници. Молк за огромниот скандал преку кој власта повторно наоѓа простор и начин како да спроведува експерименти кои скапо не чинат. Молчат и не одговорија на прашањата за кои јавноста чека одговори. МОН наместо да обезбеди учебници за учениците согласно законските обврски, спроведува договор за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за еднократна употреба во основното образование во вредност од половина милион евра, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Овие материјали, се со важност од само 3 месеци, за првото тромесечие од учебната година, и тоа само за прво, второ, четврто и петто одделение половина милион евра. Во бројка, тоа се скрипти за само 80.000 ученици. Дополнително, примената на овие привремени учебници во понатамошниот образовен процес се уште не е утврдена, најверојатно истите нема воопшто да се користат, или можеби ќе ги користат за адекватна замена онаму каде што ќе недостасуваат учебници бидејќи видовме, тоа годиниве стана пракса. Половина милион евра потрошени за една употреба, истакна Митева.

Ss1

Таа додаде дека за да биде состојбата уште по сомнителна, говори и фактот што овие т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта успеала ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Имено, станува збор за само една скрипта- учебник, внимавајте, само една скрипта од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. Дополнително, содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење.

Почитувани, Отсуствува чувство на одговорност од Министерот Шаќири, каде запрашан од новинарите колку ја чинеше државата печатењето на овие привремени скрипти – одговори дека не знае, го нема тој податок. Ние знаеме – тие привремени материјали чинат 530 илјади евра. МОН е должно да одговори – кој ги одобрил овие материјали, зошто се плаќа за дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници знаејќи дека оваа скрипта е збир на учебен материјал од минатата година и најважно кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа? Јавноста чека одговори,изјави Митева.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Шесте столба во нашата програма зборуваат за европски стандард на живеење пред Македонија да стане полноправна членка во ЕУ

Битиќи: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот 

Младеновска: Ќе издадеме решение за забрана за пристап на Токсикологија за здравствени работници без договор за работа