Утрински Весник
Свет

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

Јапонското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до рускиот амбасадор во таа земја, Михаил Галузин.

dobivaj vesti na viber

Причината е приведувањето на јапонскиот конзул во Владивосток, Мотоки Татсунора, пренесува ТАСС.

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Русија ја прекршила Виенската конвенција и дека потегот на Москва е „целосно неприфатлив“, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.

Министерот додава дека Токио бара извинување, бидејќи приведениот дипломат никогаш не бил вклучен во незаконски активности.

Сепак, според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), конзулот бил фатен на далечниот исток на земјата додека добивал доверливи информации за ефектите од западните санкции врз руската економија, објави „Ројтерс“.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека приведениот јапонски дипломат е прогласен за „персона нон грата“ и му е наредено да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од 48 часа.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот