Утрински Весник
Спорт

Погба ќе биде подготвен за Катар

Погба ќе биде подготвен за Катар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерот на Јувентус и француската репрезентативец Пол Погба ќе бидат подготвени за претстојното Светско првенство во Катар, пренесуваат италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Погба се рехабилитира од повредата на коленото, а според „Тутоспорт“, фудбалерот на Јувентус би требало да се врати на теренот кон средината на октомври.

Постои можност тој да игра за Јувентус на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика кој е закажан за 25. октомври.

Пол Погба се повреди во јули, на тренингот на торинскиот клуб на подготовките во Америка, поради што оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за Јувентус.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов