Утрински Весник
Спорт

Хаос и тепачка на дуелот помеѓу У-18 селекциите на Франција и Полска

Хаос и тепачка на дуелот помеѓу У-18 селекциите на Франција и Полска
Img 5587

Натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и Полска до 18 години мораше да биде прекинат во 77. минута откако Дарнел Ерик Биле, инаку играч на Сент Етјен, со глава удри противник и така го заработи четвртото исклучување во францускиот тим.

dobivaj vesti na viber

Сите исклучувања во француската репрезентација се случија во интервал од само 20 минути. Пред Биле црвени картони добија Илјес Хусни (ПСЖ), Жануел Белосијан (Рен) и Јони Гомис (Авр).

„За некои нема да има враќање во репрезентацијата, мора да сфатат некои работи. Другите имаа правилен став и се обидоа да ја смират ситуацијата. Мораме мирно да го анализираме ова, а јас како селектор ќе ги санкционирам тие кои заслужуваат санкции“, изјави селекторот на француската У-18 на репрезентацијата Бернар Диомед.

Во моментот кога натпреварот беше прекина Полска имаше предност од 3:2.

 

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам