Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа

Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа
Ss2

По неодамнешната групна тепачка на млади лица во Дебар Маало вчера вечер градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со помошник командирот на полициска станица Беко Игор Петровски направија обиколка на локациите кои беа посочени на социјалните мрежи како места на кои се договарале тепачки.

dobivaj vesti na viber

Низ Дебар Маало Герасимовски и Петровски забележаа групи на млади луѓе кои разговарат и се дружат но што по таа дружба може да се случи никој не може да предвиди.

300x250 (7)

Затоа Герасимовски апелираше до родителите и младите да бидат разумни и мислат на последиците кои може да произлезат.

„Апелирам до младите да бидат разумни и ги воздржат страстите, за да се случи најстрашното потребен е само миг кој не ќе може да се врати. Многу често сме сведоци на немили настани во кои се случуваат тешки повреди или најлошото, во прашање се фамилии и животи. Исто така упатувам апел и до родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца и го насочат воспитувањето кон солидарните и животните вредности на секој поединец во државата. Полициската поддршка е тука но доколку немаме самосвест таа е залудна“, рече Герасимовски вечерва во Дебар Маало.

Помошник командирот Петровски при вчеравечерната обиколка го извести Герасимовски дека неколку полициски службеници патролираат на неколку точки во општината но за да се интензивираат патролите и да се зголеми бројноста на полициските службеници потребно е општината да поднесе иницијатива до Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници веќе патролираат на неколку локации во централното градско подрачје но нив ги нема на секоја улица. Затоа ги повикувам младите да размислат за псоледиците затоа што многу често вербалната караница може да се претвори во масовна тепачка со несакани последици“, рече Петровски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да ги пријавуваат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир ги повикува институциите меѓу кои и образовните да пристапат кон зголемена едукација во училиштата за лична безбедност на учениците и намалување на сите облици на насилство.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ