Утрински Весник
Свет

Авион ја промашил пистата и слетал во езеро во Франција

Авион ја промашил пистата и слетал во езеро во Франција

Аеродромот во близина на Монпеље, на југот на Франција, денеска беше затворен на неодредено време, откако товарен авион при слетувањето ја прелета неговата писта и се урна во водата на соседното езеро, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Три лица во авионот се спасени неповредени од Боингот 737, кој бил натоварен со воздушен товар, пренесува АП.

Несреќата се случи пред зори во саботата, а авионот застана во трска, трева и вода на аеродромот надвор од градот Монпеље, соопштија регионалните власти.

Аеродромот е затворен за патнички и карго летови додека авионот не се премести. Несреќата е под истрага, пишува агенцијата.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори