Утрински Весник
Свет

(Видео) Авион Боинг 737 ја прелетал пистата и завршил во езеро

(Видео) Авион Боинг 737 ја прелетал пистата и завршил во езеро

Товарен авион утрово ја прелетал пистата на аеродромот во Монпелје и завршил во езеро.

dobivaj vesti na viber

Аеродромот на брегот на Средоземното Море е затворен до дополнително известување.

Спасувачите извлекоа три лица од Боингот 737. Тие се неповредени во несреќата која се случи денеска пред зори.

https://www.youtube.com/watch?v=XnHW5q6fnbA

Во тек е истрага, а аеродромот е затворен на неодредено време, потврдија властите.

Авионот денеска во раните утрински часови патувал од Париз до Монпелје, пристигнувајќи нешто пред 3 часот по полноќ.

Но, патувањето беше сè само не мазно, а млазот на крајот слета во водата надвор од пистата.

Четворица членови на францускиот тим за воздушна истрага присуствуваат на местото на настанот, потврдија официјални лица.

Можете да прочитате

Трамп со закана до Иран: Одмаздата ќе биде жестока

ЕУ: Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на повеќе земји во регионот се непростливи

Експлозија во близина на крузер со 3.500 луѓе во Абу Даби