Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Ја интензивираме соработката со Општина Стари Град од Белград со проекти во културата, спортот и туризмот

Герасимовски: Ја интензивираме соработката со Општина Стари Град од Белград со проекти во културата, спортот и туризмот
Dik 300x250 mk

Општина Центар и Општина Стари Град од Белград ја интензивираат дведецениската соработка како збратимени општини во областите на урбаниот развој, економијата и инвестициите.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на општина Центар е во дводневна посета на општината Стари Град, со која Општина Центар е збратимена полни две децении.

Во посетата Герасимовски ги посети културните установи „Параброд“ и спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“, каде што со градоначалникот на општина Стари Град, Радослав Марјановиќ, ги
споделија искуствата и договорија размена на проекти во областа на културата, спортот и туризмот.

„Нашите две општини имаат слични проекти, затоа ќе ја зацврстиме соработката на локално ниво применувајќи ги добрите пракси што постојат во Стари Град кај нас и нашите кај нив. Важно е да споделуваме искуства и во начинот на кој работат спортските клубови, но и да ги споделиме културните вредности и туристичките капацитети на двете држави“, изјави Герасимовски при посетата на Стари Град.

Благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ соработката на државно ниво ќе се интензивира и меѓу локалните самоуправи. Поривот на Герасимовски и Марјановиќ да се зајакнат локалните самоуправи е силна и оваа искрена меѓусебна соработка ќе помогне двете општини да се подигнат на едно повисоко културолошко и спортско ниво.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи