Утрински Весник
Македонија

Во тепачка во автобус на ЈСП, малолетник со остар предмет повредил друг малолетник за место за седење

Во тепачка во автобус на ЈСП, малолетник со остар предмет повредил друг малолетник за место за седење
Dik 300x250 mk

Синоќа во 19.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет.

dobivaj vesti na viber

Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“, соопшти полицијата.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ