Утрински Весник
Свет

Комисија на ОН: Заклучивме дека во Украина се извршени воени злосторства

Комисија на ОН: Заклучивме дека во Украина се извршени воени злосторства
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на независната истражна комисија за Украина, Ерик Мозе, денеска изјави дека е констатирано оти во Украина се извршени воени злосторства, врз основа на доказите собрани во четири региони на таа земја.

dobivaj vesti na viber

– Врз основа на доказите што ги собра, Комисијата заклучи дека во Украина се извршени воени злосторства – рече Мозе во Советот за човекови права на ОН во Женева, пренесе Ројтерс.

Неговото обраќање следеше по истрагите спроведени во Киев, Чернихив, Харков и Суми, каде што Комисијата посети 27 места и разговараше со повеќе од 150 сведоци и жртви на насилство, наведува британската агенција.

Независната комисија беше формирана од Советот за човекови права на ОН во март, поради наводите за злосторства извршени во Украина од 24 февруари, кога Русија започна воена операција во таа земја.

Можете да прочитате

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина