Бостон Селтикс го суспендираа тренерот Име Удока (45). Поради кршење на клупските правила, Удока ќе ја пропушти целата сезона 2022/2023.
Удока имал сексуални односи со колешка што е спротивно на кодексот на однесување на клубот иако врската била взаемно консензуална. Селтикси додадоа дека иднината на Удока во клубот по следната сезона ќе биде решена подоцна. Улогата на прв тренер ќе ја преземе помошникот на Удока, Џо Мазула.
Американските медиуми пишуваат дека минатото летосе знаело за љубовната врска меѓу Удока и колешката, клубот реагирал откако неименувано женско лице поднело пријава против тренерот.
Внатрешната истрага заврши со состанок зад затворени врати во рамките на Бостон Селтикс на кој присуствуваа Име Удока, Бред Стиенс и сопствениците на франшизата од Масачусетс.
„Сакам да им се извинам на играчите, навивачите и целата заедница на Селтикс, но и на моето семејство што ве изневерив. Жал ми е што поминувате низ сето ова и ја прифаќам одлуката на клубот. Од почит кон сите нема да коментирам повеќе за ситуацијата“, рече Удока.