Утрински Весник
Свет

Полиција го запрела, алкотестот покажал дека има 4,17 промили алкохол во крвта

Полиција го запрела, алкотестот покажал дека има 4,17 промили алкохол во крвта

Кај 32-годишен возач вчера вечерта во хрватскиот град Винковци алкотестот покажал дека има 4,17 промили алкохол во крвта. Полицијата го привела на трезнење, а му се заканува и висока прекршочна казна, пренесува Индекс.хр.

dobivaj vesti na viber

Вуковарско-сремската полиција соопшти дека синоќа околу 22:30 часот при сообраќајна контрола го запрела алкохолизираниот возач кој веднаш бил исклучен од сообраќај и сместен во специјални полициски простории.

Според табелата со алкохолни труења, концентрацијата од 4 и повеќе промили може да доведе до кома и можна смрт поради престанок на дишењето, многу низок крвен притисок или задушување при повраќање поради отсуство на рефлекс за искашлување на течноста од белите дробови.

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин