Утрински Весник
Свет

Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите

Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите
Dik 300x250 mk

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден.

dobivaj vesti na viber

Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки 86 отсто во однос на истиот период лани, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика.

Значителниот пораст на цените се објаснува, од една страна, со зголемената побарувачка, а од друга, со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.

Конкретно, цената на пелетите порасна 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.

Германија субвенционира печки на пелети

Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.

Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само нови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки.

Според податоците на ова Министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микрочестички во воздухот отколку сообраќајот.

Можете да прочитате

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина