Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: „Сервисот за одмена на семејна грижа“ ќе згрижува возрасни лица со Алцхајмерова болест и деменција 15 дена во годината

На денешниот Интернационален ден на Алцхајмеровата болест градоначалникот на Центар Горан Герасимовски беше гостин на настанот организиран од Граѓанското здружение Институт за Алцхајмерова болест по повод подигнување на јавната свест за лицата заболени од оваа болест.

dobivaj vesti na viber

Алцхајмеровата болест е болест на целото семејство затоа што негата и грижата за болниот траат 24 часа секој ден во неделата. Со години таа нега е дополнителен и сериозен удар врз семејниот буџет.

„ Алцхајмеровата болест е тивок крадец на сеќавањата и тешко е да се соочиме или бидеме сведок на наш близок на кој полека му се одзема сето она кое го научил или стекнал во животот, сите спомени, сето знаење и умеење, сите достигнувања и признанија. Бидејќи болеста најчесто се јавува кај граѓаните над 60-годишна возраст Општина Центар високо ги позиционира највозрасните граѓани на својата општина. Од таа причина неодамна потпишавме Меморандум за соработка со УНДП преку кој на територија на Општина Центар ќе се отвори „Сервис за одмена на
семејна грижа“. Центарот ќе згрижува максимум 40 корисници кои ќе може да добијат 24-часовна грижа најмногу 15 дена во годината. Негователките за овој центар веќе ги посетуваат обуките за возрасни лица со Алцхајмерова болест и деменција“, изјави Герасимовски.

Тој исто така зборуваше и за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ во кој Општина Центар обезбедува нега во домовите на пензионерите два пати во неделата по 3 часа. Во овој проект највозрасни граѓани на Општина Центар добиваат нега од лиценцирани
физиотерапевти, психолози и негуватели.

„ Верувајте дека највозрасните граѓани се презадоволни од овој проект. За некои од нив оваа нега има исклучителна важност и претставува огромна помош, особено за оние кои живеат сами“, рече Герасимовски за овој проект.

За крај Герасимовски упати голема благодарност до Граѓанското здружение Институт за
Алцхајмерова болест и невронаука кое со години наназад преку различни активности се обидува
да ја разбуди јавната свест на граѓаните и институциите за отворање повеќе центри кои ќе ја
третираат Алцхајмеровата болест.
„Искрено се надевам дека вашиот напор за обезбедување грижа и посветеност за заболените од
деменција ќе го послушаат и останатите општини и градови“, заврши Герасимовски.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации