Утрински Весник
Свет

(Видео) Заврши маршот на Европрајд во Белград – бројни инциденти го одбележаа настанот

Заврши „Европрајд“ во Белград. И покрај бројните инциденти и приведени лица, сепак се одржа парадата на гордоста.

dobivaj vesti na viber

„Тука сме и покрај забраните. Ви благодариме на сите за поддршката. Ни треба правда и еднаквост“, рече Горан Милетиќ, организаторот на прошетката „Еуропрајд“ во Белград.

На активистите и присутните на парадата, им се придружија и бројни дипломати, претставници на Европскиот парламент, како и други европски и меѓународни претставници. Меѓу нив беше и партнерката на премиерката на Србија, Ана Брнаниќ.

Во текот на денот беа регистрирани неколку судири помеѓу полицијата и противниците на Европрајдот.

Полицијата претходно ги забрани маршот на Европрајд и десничарскиот собир со образложение дека постои ризик за безбедноста на учесниците, а управниот суд во Белград ја одби жалбата на организаторите и одлучи дека забраната за прошетка е оправдана.

Можете да прочитате

Клучни избори во САД: Се одлучува кој ќе го контролира Конгресот и колкава моќ ќе има Трамп

Еден од најбараните криминалци во Европа е во бегство – награда од 2 милиони евра за информација

Страшна несреќа на Еверест: Два хеликоптера се судрија во воздух, има загинат и повредени