Утрински Весник
Спорт

Талентираниот голман Василев потпиша за Рио Аве

Талентираниот македонски голман Васко Василев (18) потпиша тригодишен договор со португалскиот прволигаш Рио Аве.

dobivaj vesti na viber

Репрезентативецот на Македонија до 18 години, во Португалија се пресели од Црвена звезда. Претходно беше дел од Динамо Врање и Академијата на Вардар.

Како член на Црвена звезда играше на позајмица во филијалата на црвено-белите, Графичар и во Рад.

Рио Аве има добра голманска школа, доказ се Јан Облак (Атлетико Мадрид) и Едерсон (Манчестер сити). Овие двајца голмани од светска класа на почетоците на кариерите го бранеле голот на Рио Аве.

Можете да прочитате

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник

Нови шест натпревари на Мундијалот