На дел од шпанската фудбалска јавност не и се допаѓа начинот на кој играчот на Реал, Винисиус Жуниор (22), слави кога ќе постигне гол. Исто така, има замерки и наговиот однос кон противничките фудбалери.
Напаѓачот на Реал головите ги прославува танцувајќи, што е карактеристично за многу јужноамерикански фудбалери. Винисиус беше особено критикуван од Педро Кастро, претседател на Здружението на шпански менаџери.
„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, одете на Самбодром (платформата за танчери во Рио). На теренот треба да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече тој во емисијата „Ел Чирингито“.
Откако го слушнал зборот „мајмун“, водителот го прекинал неговиот говор и му рекол: „Не можеш така да ги нарекуваш луѓето, немој да го правиш тоа повеќе“.
Клубот на Винисисус, Реал, најави дека ќе поднесе тужба против Педро Кастро.
„Реал Мадрид ги осудува сите расистички и ксенофобични испади во светот на фудбалот и спортот, но и во животот воопшто, а особено ги осудуваме коментарите упатени кон нашиот фудбалер Винисиус Жуниор во последните неколку часа. Реал Мадрид сака да ја покаже љубовта, тоа го има за Винисиус Жуниор, фудбалер кој разбира дека единствениот однос кон фудбалот е оној заснован на радост, почит и спортскиот дух.
Фудбалот е најглобалениот спорт и мора да биде пример кога се во прашање вредностите за соживот. Клубот ги овласти нашите адвокати да покренат правна постапка против секој кој ги навредува нашите играчи со расистички испади“, соопшти Реал Мадрид.