Утрински Весник
Свет

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

Украинската влада усвои предлог-закон за кривична одговорност за државните службеници кои земаат руски пасош, а според тој закон тие може да добијат и до 15 години затвор.

dobivaj vesti na viber

„За жал, меѓународното право не содржи соодветни норми за сузбивање на нелегалните руски пасоши на територијата на Украина. Затоа мораме да одговориме со зајакнување на кривичното законодавство“, рече потпретседателот на украинската влада и министерот за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина, Ирина Верешчук, објави веб-страницата прм.уа.

Во нацртот усвоен од украинската влада се наведува дека „доколку украинскиот државен службеник добие непријателски пасош, ќе биде осуден на затвор од 10 до 15 години“,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција

ЕК за најавеното „енергетско примирје’: Украина е подготвена да го почитува, но руските напади продолжуваат

Во Италија над 130 заболени од салмонела, се испитува извозот за Хрватска и Словенија