Утрински Весник
Спорт

ПСЖ не се задоволни од сработеното во преодниот рок

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос во интервју за француски „RMC“ откри дека „светците“ не се задоволни од сработеното во летниот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Шампионот на Франција летово избра нов тренер Кристоф Галтие, а на „Паркот на принцовите“ дојдоа Витиња, Фабијан Руиз, Карлос Солер, Ренато Санчез, Норди Мукиеле и Уго Екитике.

Сепак, Кампос не успеа да го донесе од Интер стоперот Милан Шкрињар. Поради тоа, Кампос смета дека преодниот рок не бил успешен.

„Не постигнавме совршен биланс во летниот преоден рок. Несомнено, имаме огромен квалитет во тимот, но не сме достигнале совршенство. Имаме само тројца стопери, а почнавме да играме во формација со тројца позади исега се мачиме поради тоа“, изјави Кампос.

Поради ова преодниот рок го оцени како неуспешен.

„Немавме добар преоден рок. Го донесовме Виња во првата недела, а потоа во следните шест, седум недели не направивме ништо“, заклучи Кампос.

Можете да прочитате

Баер Леверкузен и Аталанта во финалето од ЛЕ

Кубарси останува во Барса до 2027 година, откупната клаузула е 500 милиони евра

Борусија ќе прифитира на „Вембли“