Утрински Весник
Спорт

Бекам чекаше 13 часа да оддаде почит на кралицата

Поранешниот англиски капитен, Дејвид Бекам се приклучи на илјадниците луѓе на улиците на Лондон, каде што чекаше повеќе од 13 часа да оддаде последна почит на британската кралица, Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

47-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, даде интервју за британските медиуми, во кои призна дека чека од 1.45 часот наутро, грицкајќи чипс и крофни и зборувајќи со луѓето око него. Тој беше забележан и со солзи во очите, откако во минатото неколку пати се сретна со кралицата и во 2003 година доби ОБЕ орден.

„Пораснав во куќа полна со ројалисти и бев одгледан на таков начин. Да беа моите баби и дедовци тука, ќе беа среќни што сум тука во нивно име и во име н моето семејство. Имав среќа да се сретнам со кралицата, да ја претставувам мојата земја и да бидам капитен. Кога ја пеевме химната, таа значеше многу“, изјави Бекам.

Бекам имаше 115 настапи за Англија од 1996 до 2009 година, настапувајќи на три Светски првенства, а со клубовите освои шест титули од Премиерлигата и трофеј од Лигата на шампиони.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари