Утрински Весник
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 17.09.2022 (сабота) со почеток во 16.00 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка – „Куп на Град Скопје 2022“.

dobivaj vesti na viber

Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11-ти Октомври“ кон зградата на Собрание на РСМ до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ се до стартно-целната позиција.

На 17.09.2022 (сабота), исто така со почеток во 16.00 часот, во организација на фолклорен ансамбл „Григор Прличев“ ќе се одржи прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ со зафаќање на јавна површина на дел од ул.„Ѓорче Петров“ на потег од крстосницата со ул.„Никола Пушкаров“ до крстосницата со ул.„Македонска Војска“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Можете да прочитате

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност во сообраќајот и за прекршоците

Николоски: Обвинителството да ги истражи злоупотребите што се правеле во АНБ и да ги процесуира одговорните

Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници