Една од најголемите манифестации на Културно информативниот центар- Скопје „Звуците на чаршијата“ вечерва и утре на скопјани им нуди дводневен концентриран скопски летен фестивал на отворено. На повеќе локации во Скопје ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња.
Вечерва, петок (16 септември) на платото пред Филхармонија во 22 часот натапува Констракта и „Земља грува“, Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галеријата Империјал I, во КИЦ ќе биде отворена изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto), кои преку уметноста на создавање заедно патуваат во потрага по себе. Во 2019 година, уметниците учествувале на уметничка резиденција Де Ниро, во Битола, и ги донеле своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи.
Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите…
Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања. „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц.
Фестивалот се организира во партнерство со компанијата „Пакомак“ и вечерва наместо влезница понесете едно пластично шише или лименка, а в сабота влезот е слободен.
Ова е фестивалската програма и сатница на „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“
ПЕТОК, 16 септември
Плоштад Мајка Тереза:
– Хајка 19:30-20:30
– Дина Јашари & другари 20:30-22:00
– KONSTRAKTA & Zemlja Gruva 22:00-24:00
Низ чаршија:
– Вива Стрингс 18:00-19:00
– Diaz Wojtas Duo Стоковна мост 18:30-19:30
КИЦ (Империјал I):
– MACEDONIA, изложба на Daniel Chastinet & Wilson Neto 20:00
САБОТА, 17 септември
Плоштад Мајка Тереза:
– Брука бенд 19:00-19:40
– Foolish Green 20:00 – 20:40
– Бла бла бла 21:00 – 21:40
– Toни Китановски 22:00-22:40
– Љубојна 23:00-24:00
Ибни Пајко
– Изложба на колажи на Игор Калц 18:00-24:00
– Поетско читање 18:00-19:00
– „Куферко, светскиот патник од Македонија“19:00-20:00
– Баклава 20:30-21:15
– Добрила и Дориан Дуо 22:00-22:45
– Перија 23:00-24:00