Утрински Весник
Свет

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Претставниците на Киргистан и Таџикистан денеска разговараа и се договорија да ги прекинат судирите на заедничката граница додека траат преговорите меѓу двете страни, соопштија киргистанските власти.

dobivaj vesti na viber

Договорено е за време на прекинот на огнот, кој започнува денеска во 10 часот по локално време, претставниците на двете гранични служби да одржат состанок.

Киргистан претходно соопшти дека таџикистанските сили повторно отвориле оган врз неколку нејзини гранични пунктови по кратката пресметка оваа недела, што претставува нова ескалација на тензиите меѓу двете земји, објави Ројтерс.

Киргистанските војници возвратија со оган за време на овие инциденти, кои се случија долж целата граница, соопшти граничната служба.

Во својата изјава, Таџикистан ги обвини киргистанските сили дека гранатирале една од нивните гранични пунктови и седум села со „тешко оружје“.

Еден цивил загина, а тројца се повредени, соопштија властите во таџикистанскиот град Исфара.

Претседателот на Киргистан Садир Жапаров и претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон учествуваат на регионалниот безбедносен самит на Шангајската организација за соработка што се одржува вчера и денеска во Узбекистан.

Можете да прочитате

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз