Утрински Весник
Свет

Најмалку девет лица загинаа во стампедо на концерт во Гватемала

Најмалку девет лица загинаа во стампедо на концерт во Гватемала

Најмалку девет лица загинаа, а 20 се повредени во стампедо на голем концерт во во западна Гватемала, соопштија службите за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

Црвениот крст на Гватемала на Твитер објави фотографии на кои се гледаат возила и лекари од итната помош како им помагаат на повредените и ги носат телата на жртвите.

Локалните медиуми го опишуваат концертот како одбележување на Денот на независноста на Гватемала.

Противпожарната служба на „Твитер“ соопшти дека повредените, од кои некои најверојатно се здобиле со скршеници, се пренесени во болница.

Гватемалскиот весник Prensa Libre објави дека властите сè уште не ги објавиле имињата на загинатите.

 

Можете да прочитате

„Мојот пријател“ – Трамп објави фотографија со Путин по средбата во Кина

Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер на Орбан од 24 милиони евра

Франција го отфрли новиот предлог за буџет на ЕУ од кој беа одбиени 204 милијарди евра