Утрински Весник
Спорт

ФИА ангажираше прва генерална директорка, Натали Робин

ФИА ангажираше прва генерална директорка, Натали Робин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го исполни ветувањето и формираше нова позиција на генерален директор во организацијата, ангажирајќи ја искусната менаџерка во автомобилистичката индустрија, Натали Робин.

dobivaj vesti na viber

Ова беше ветувањето на новиот претседател на ФИА, Мохамед Бен Сулајем по неговиот избор минатата година, за формирање на менаџерска позиција, со искусен човек кој ќе ги подобри операциите во федерацијата, организацијата и контролата на финансиите. Изборот падна на Робин, која е државјанка на Шпанија и САД, и која од 2017 година беше генерален директор на Волво, откако претхоно работеше во Дајмлер Крајслер и Нисан.

„Пресреќна сум што сум именувана за прв генерален директор на ФИА во важно и возбудливо време за федерацијата. Едвај чекам да почнам да работам со членовите на федерацијата, лидерскиот тим и претседателот за да ја исполниме визијата за реформа и раст во мотоспортот“, изјави Робин.

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025