Утрински Весник
Свет

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

Утринава околу 9:30 часот патнички воз удрил во автомобил во градот Болфан, на железничкиот патен премин, јавуваат хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, двајца сопатници од автомобилот, 27-годишна жена и четиригодишно момче, загинаа.

Во Општата болница Копривница се пренесени уште двајца патници.

Информациите се дека во болница биле пренесени 28-годишен возач и четиригодишно девојче, кои лекарите ги реанимирале на пат кон болница и во болница. Во болница починало четиригодишното девојче

Директорот на болницата, Мате Девчиќ, изјавил дека при транспортот во болница бил направен обид да се спаси четиригодишното девојче со реанимација.

Како што се утврди, на преминот немало рампа.

Железничкиот сообраќај е во прекин. Патничкиот воз сообраќал на линијата Копривница – Вараждин.

Можете да прочитате

Нови руски напади со дронови врз Украина

Зеленски: Преговорите на Украина со САД се конструктивни, но не и лесни

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД