Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време со умерен ветер

Сончево и топло време со умерен ветер

Сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови ќе биде западен и ќе се засилува, а по должината на Повардарието ќе биде југоисточен.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степен. УВ=7

Во Скопје сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на јужно воздушно струење од денес ќе има значителен пораст на температурата. Особено топло ќе биде утре и в петок кога дневната температура ќе биде над вообичаениот просек и ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури и особено во западните делови ќе дува засилен западен ветер.

В сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а в недела ќе дува силен северен ветер, кој најпрвин ќе донесе заладување во северните делови.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола