Утрински Весник
Спорт

Милан со прва домашна победа во ЛШ од 2013, Шахтјор и Селтик со реми

Милан со прва домашна победа во ЛШ од 2013, Шахтјор и Селтик со реми
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милан стигна до 3:1 победа над Динамо Загреб за петта меѓусебна победа во пет дуели во Европа против хрватскиот тим и во исто време ја забележа првата домашна победа во европското елитно натпреварување од септември 2013 година. Во Варшава, пак, украинскиот Шахтјор Донецк одигра 1:1 против шкотскиот Селтик.

dobivaj vesti na viber

„Росонерите“ се мачеа да го скршат отпорот на „модрите“, кои во првото коло од ЛШ го шокираа Челси со 1:0 и стигнаа до водство во 45. минута од мечот кога беше досуден пенал, а Оливие Жиру не згреши од белата точка.  На почетокот на второто полувреме тие бргу го удвоија водството во 47. минута кога Рафаел Леао фантастично го проигра Алексис Салемакерс за 2:0.

Динамо врати во 56. минута кога Бруно Петковиќ со прекрасна асистенција го најде Мислав Оршиќ за 2:1, но Милан ја врати рамнотежата во 77. минута со голот на Томасо Побега. Ова е прв триумф на Милан на „Сан Сиро“ во ЛШ од 2:0 триумфот над Селтик во септември 2013 година.

Селтик во Варшава дојде до рано водство во 10. минута со автоголот на Бондаренко, но Шахтјор врати во 29. минута преку Михајло Мудрик.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА Е
Милан – Динамо Загреб 3:1
Челси – Ред бул Салцбург 21.00 ч
ГРУПА Ф
Шахтјор Доњецк – Селтик 1:1
Реал Мадрид – РБ Лајцпиг 21.00 ч

Можете да прочитате

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот