Утрински Весник
Свет

Ердоган: Односот на Ерменија кон Азербејџан е неприфатлив

Ердоган: Односот на Ерменија кон Азербејџан е неприфатлив

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека односот на Ерменија кон Азербејџан е неприфатлив и дека ќе има последици.

dobivaj vesti na viber

„Сметаме дека ситуацијата што настана се должи на неприфатливото ерменско кршење на договорот постигнат по војната во 2020 година, што резултираше со победа на Азербејџан“, рече Ердоган на митинг во Анкара, пренесе „Ројтерс“.

Вчера во текот на ноќта на ерменско-азербејџанската граница дошло до конфликт, а страните меѓусебно се обвинуваат дека го предизвикале конфликтот.

Во Ереван беше објавено дека азербејџанските војници ја гранатирале територијата на Ерменија со артилериско оружје и со помош на беспилотни летала. Беа нападнати неколку погранични области.

Можете да прочитате

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт

Трамп: Ормуска Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците