Утрински Весник
Економија

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ќе присуствува на состанокот на холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, којшто годинава ќе се одржи од 14 до 16 септември во Сараево, Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

На средбата под наслов „Од криза до закрепнување“ ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Светската банка, меѓу кои и Коен Давидсе, извршен директор на Светската банка и Пол Хилберс, извршен директор на ММФ, заедно со гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки на Конституенцата. На состанокот на Конституенцата покрај гувернерката ќе присуствува и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе има свое излагање и на панел-дискусијата под наслов „Цената што треба да се плати: Како да се заузда инфлацијата? Перспективите на централната банка и на владата“. На панел-дискусијата поздравно обраќање ќе имаат Клас Нот, гувернер на централната банка на Холандија и Алфред Камер, директор на Европското одделение при ММФ. Покрај гувернерката, на панел-дискусијата ќе учествуваат и Амир Јарон, гувернер на Централната банка на Израел, Димитар Радев, гувернер на Централната банка на Бугарија, Михаи Пречуп, државен секретар при Министерството за финансии на Романија, а претседавач ќе биде Пјер Вунш, гувернер на Централната банка на Белгија.

Во Холандската конституенца, покрај Холандија и нашата земја, членуваат и Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и Црна Гора.

Можете да прочитате

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива