Утрински Весник
Македонија

Недела останува неработен ден, Уставен суд не oдлучуваше за укинување

Недела останува неработен ден, Уставен суд не oдлучуваше за укинување

Уставниот суд не донесе одлука за укинување на „недела неработен ден“ поради недоволно мнозинство на гласови, односно еден од судиите на јавната расправа се изјасни дека нема да го поддржи рефератот.

dobivaj vesti na viber

Предлогот на овој предмет гласеше „да не се поведе постапка”, што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени со овој закон.

Уставниот суд работи со вкупно пет судии од предвидени девет според Уставот, а за одлучување се потребни најмалку петмина, колку што се вкупно судии во моментов.

Можете да прочитате

Четири малолетници возеле без возачка па завршиле во полициска станица

Уапсен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда” стигнавме до „телесна повреда”?!