Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ: Ќе се пензионирам кога ќе видам играч посилен од мене

Ибрахимовиќ: Ќе се пензионирам кога ќе видам играч посилен од мене

Златан Ибрахимовиќ на свој начин му одговори на Звонимир Бобан. Хрватот изјави дека Ибрахимовиќ требало да ја заврши кариерата. Ибрахимовиќ (41) се опоравува од операцијата на коленото. Тој има едногодишен договор со Милан.

dobivaj vesti na viber

Ибрахимовиќ во интервју за „Газета дело Спорт“ му одговори на Звонимир Бобан кој претходно за овој медиум изјави дека Ибрахимовиќ треба да стави крај на кариерата.

„Бобан рекол дека треба да се пензионирам? Кога ќе видам играч посилен од мене, ќе го направам тоа. Но, се уште не сум го нашол”, одговори шведскиот напаѓач на свој карактеристичен начин.

„Ќе се слушне кога ќе се вратам, бидете сигурни. Сега е потребно трпение“, додаде шведскиот напаѓач.

Милан вечерва во Лигата на шампионите ќе го пречека Динамо Загреб.

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026