Утрински Весник
Македонија

Тетовка со туѓа лична карта подигала брзи кредити

Тетовка со туѓа лична карта подигала брзи кредити

Тетовка пронашла изгубена лична карта и со неа неколкупати подигала брзи кредити.

dobivaj vesti na viber

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М. А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г. А. (35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г. (37) од Скопје, раководител на другата подружница, и вработените во двете подружници, С. И. (34) од Тетово и М. А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Првопријавената, во јануари 2022 година, во близина на Клиничкиот центар во Тетово, пронашла изгубена лична карта, која, наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката, ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва. Двете правни лица и другите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин ѝ овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.

Можете да прочитате

Крвав настан во Велес: Двојно убиство завршено со самоубиство

Универзална сала ќе се гради од октомври со 1 200 седишта и инвестиција од 20 милиони евра

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател